Транспортни ленти (траки) за картонажи и печатници



Во картонажите и печатниците лентите често работат на големи брзини и мора да носат лист по лист без лизгање. 

Транспортните ленти (траки)
за овие погони најчесто се изработуваат од материјали со големо триење за сигурно водење на хартија и картон. Често ги нарекуваат и транспортни каиши или само каиши.

Тека Инвест ги изработува по ваша мерка веќе 35 години, исклучиво од материјали од европско потекло.

Рапави транспортни ленти
Рапава транспортна лента со метални спојки

Што добивате?

  1. Избор од повеќе материјали со различни карактеристики, со големо триење, антистатик, за големи брзини.
  2. Два можни начина за спојување на лентите, зависно од вашата потреба:
  • Вулканизирање - рамен, цврст спој без дебелина на местото на спојот
  • Метални спојки - за брза монтажа и замена директно на машината

Квалитет

35 годишното искуство покажа дека квалитетот е најважен кога се работи за ленти за картонажи и печатници. Цената на почести застои, набавки и промени е повисока од цената на квалитетни ленти.

Затоа сите материјали што ги користиме за изработка на транспортни ленти за картонажи се со европско потекло. 

Зелена транспортна лента за картонажа и печатници
Зелена транспортна лента изработена по мерка

Како да нарачате транспортна лента

Доволно е да ни ги дадете мерките и да ни ја опишете намената на лентата, а ние ќе ви испратиме соодветна понуда.

Ако не сте сигурни, слободно испратете или донесете ни стар примерок и ние ќе ги земеме мерките и ќе препорачаме соодветен материјал.

Контактирај не

Зошто транспортни ленти од Тека Инвест?

  • 35 години искуство со транспортни ленти.
  • Испорака до цела Македонија и во истиот ден при итност.
  • Исклучиво материјали од европско потекло, со квалитет докажан со децении.
  • Излегуваме и на лице место по потреба од лепење на транспортна лента.
  • Стручен совет од професионалци за избор на вистинскиот материјал.

За нарачка или прашање, јавете се на 070 234 920 или пополнете го контакт формуларот подолу. Одговараме во краток рок.

Често поставувани прашања (FAQ)

При итност, изработуваме и испорачуваме и за еден ден во цела Македонија!

Измерете ја лентата, или ако не сте сигурни во мерењето слободно донесете или испратете ја лентата кај нас, а ние ќе ја измериме и ќе понудиме соодветен материјал.

Да, по потреба излегуваме на терен и ги лепиме траките монтирани на машина.

Ви треба лента за друга индустрија?

Ако не работите во картонажа или печатница, погледнете ги сите наши транспортни ленти (траки) за други индустрии. Користите и погонски каиши? Тука се нашите погонски каиши (ремени).

Димо Хаџи Димов 145
ПОБАРАЈ ПОНУДА
Scroll to Top