+38970234920
Димо Хаџи Димов 145
info@tekainvest.mk

Транспортни траки по мерка – за секоја индустрија

Транспортни траки

Транспортните траки се артериите на производниот процес. Ако тие престанат да работат, материјалите не циркулираат и производството е во застој. Тека Инвест го решава овој проблем повеќе од 30 години, произведувајќи транспортни траки со материјали од европско потекло и испорачува во истиот ден!

Без разлика дали ви треба трака за пекара, кондиторија, картонажа, овошје и зеленчук, па дури и за трчање или друга намена, ние ја правиме точно по вашите димензии и услови на работа.


Видови транспортни траки кои ги изработуваме

Нашите транспортни траки се користат во разни на индустрии, во и надвор од Македонија.
Секоја трака ја изработуваме според специфичните услови на работа како температура, влажност, вид на производ кој се транспортира, брзина и многу други параметри.

Траки за пекари и тесто

Траки од материјали кои не лепат тесто, дизајнирани за обликување или транспорт на истото.

Дознај повеќе

Траки за кондитории

Траки од материјали дизајнирани за директен контакт со слатки и маснотии, отпорни на хемикалии и абразија од секојдневното чистење.

дознај повеќе

Траки за овошје и зеленчук

Траки за транспорт на овошје и зеленчук на рамно и по косини, погодни за употреба во земјоделството и прехранбената индустрија.

дознај повеќе

Траки за Картонажи и печатници

Траки од материјали со големо триење, антистатик, погодни за големи брзини, како и отпорни на пожар.

дознај повеќе

Траки за трчање

Траки од материјали дизајнирани за машини за трчање (treadmill), со различни текстури, за домашна или професионална употреба во теретани.

дознај повеќе

Универзални траки

Траки за транспорт на разновидни предмети во разни индустрии, со можност за водилки или прегради по нарачка.

дознај повеќе

Зошто да изберете Тека Инвест?

  • Над 30 години искуство.
  • Изработуваме во истиот ден при итност. Немате застој во производството.
  • Материјали со европско потекло.
  • Изработка по ваша мерка, секоја должина и ширина.
  • Ви помагаме со технички совет и подршка за да ја изберете вистинската трака.
  • Најголема залиха и избор на транспортни траки во Македонија.

Како да нарачате транспортна трака?

Процесот е брз и едноставен:

  • Јавете се или пратете порака со димензиите и намената на траката.
  • Добивате понуда.
  • По потврда, нарачката влегува во ред за производство. При итност, започнуваме со производство веднаш!
  • Испорачуваме до цела Македонија.

Често поставувани прашања (FAQ)

  • Дали лепите и на лице место?
    Да, нашиот тим може да дојде на вашата локација за лепење на новата трака на лице место.
  • Дали можеме да пратиме стара трака за да ја измерите?
    Да, слободно испратете или донесете ја траката во нашата работилница во Скопје, а ние ќе го утврдиме материјалот, ќе ја измериме и ќе ви дадеме понуда.
  • Колку долго трае една трака?
    Траењето на траката зависи од материјалот и условите во кои таа работи. Ние ќе ви помогнеме да го изберете материјалот кој ќе трае најдолго во вашите услови.
  • Дали работите и со странски компании или само во Македонија?
    Работиме и со компании надвор од Македонија. Контактирајте нѐ за детали околу испораката и условите.
+38970234920
Димо Хаџи Димов 145
info@tekainvest.mk
ПОБАРАЈ ПОНУДА
Scroll to Top