Транспортните ленти за овошјето и зеленчукот треба да задоволат разни потреби за косини, триење, текстури.
Транспортните ленти (траки) за овошје и зеленчук се изработуваат од материјали со сертификати за храна, лесно се чистат и се наменети за скоро секоја фаза од производството.
Тека Инвест ги изработува по ваша мерка веќе 35 години, исклучиво од материјали од европско потекло.


Ленти за секаков транспорт на овошје и зеленчук
Изработуваме ленти прилагодени на секакви намени:
- Со разни текстури за различни намени и видови производи.
- Со водилки и прегради за држење и разделување на производот.
- За косини, за сигурен транспорт нагоре.
- За рамен транспорт, за секаков транспорт низ линијата.
Квалитет
35 годишното искуство покажа дека квалитетот е најважен кога се работи за индустриски ленти за овошје и зеленчук. Цената на почести застои, набавки и промени е повисока од цената на квалитетни ленти.
Затоа сите материјали кои ги користиме за изработка на транспортни ленти за овошје и зеленчук се со европско потекло.


Како да нарачате транспортна лента
Доволно е да ни ги дадете мерките и да ни кажете во која фаза работи лентата, а ние ќе ви испратиме соодветна понуда.
Ако не сте сигурни, слободно испратете или донесете ни стар примерок и ние ќе ги земеме мерките и ќе препорачаме соодветен материјал.
Зошто транспортни ленти од Тека Инвест?
За нарачка или прашање, јавете се на 070 234 920 или пополнете го контакт формуларот подолу. Одговараме во краток рок.
Ви треба лента за друга индустрија?
Ако работите со поинакви производи, погледнете ги сите наши транспортни ленти (траки) за други индустрии. Користите и погонски каиши? Тука се нашите погонски каиши (ремени).