Клинестите каиши (ремени) се едноставни потрошни делови, но кога ќе се скинат, производството застанува. Во такви моменти потребна е резервна залиха, или брз добавувач.
Затоа Тека Инвест држи голема залиха од стандардни и нестандардни индустриски клинести каиши (ремени) од типовите A, B, C, D, E, Z, AX, BX, CX, ZX, SPA, SPB, SPC, SPZ, XPA, XPB, XPC и XPZ и во повеќето случаи го решава проблемот во истиот ден.
Како да го идентификувате вашиот каиш
Ознаката на клинестиот каиш е испишана на горната поширока страна, која ги содржи димензиите како ширина и должина, како на пример 22 x 5334 LI, или XPZ 1050 LP.
Доволно е само да ни испратите фотографија од ознаката и ние ќе ви дадеме понуда. Доколку ознаката е избришана, донесете или испратете го стариот примерок и ние ќе го идентификуваме.
Зошто да нарачате ремени (каиши) од Тека Инвест?
За нарачка или прашање, јавете се на 070 234 920 или пополнете го контакт формуларот подолу. Одговараме во краток рок.
Често поставувани прашања (FAQ)
Доколку е на залиха може да се испорача за еден ден, а ако се нарача рано во денот може да се испорача и во истиот ден во цела Македонија!
Да, слободно донесете или испратете го ременот кај нас, а ние ќе го идентификуваме и ќе ви дадеме понуда.




