Транспортни ленти (траки) за пекари



Во пекарството тестото се лепи, а лентата која не го пушта лесно значи отпад, застои и дополнително чистење.

Транспортните ленти (траки) за пекари
се изработуваат од наменски материјали за лесно одлепување на тестото, па производот се префрла чисто од една фаза во друга.

Тека Инвест ги изработува по ваша мерка веќе 35 години, од ленти за обликување до ленти за пакување, исклучиво од материјали од европско потекло.

Транспортна лента за пекара со леб
Спојки за транспортни ленти

Што добивате?

Ленти за целиот процес во пекарата:

  1. Обликување и ваљање на тесто
  2. Транспорт до печка
  3. Ладење
  4. Пакување


Спојување на два начина, зависно од вашата потреба:

  1. Вулканизирање - рамен, цврст спој без дебелина на местото на спојот
  2. Метални спојки - за брза монтажа и замена директно на машината

Квалитет

35 годишното искуство покажа дека квалитетот е најважен кога се работи за ленти за пекари. Цената на почести застои, набавки и промени е повисока од цената на квалитетни ленти.

Затоа сите материјали кои ги користиме за изработка на транспортни ленти за пекари се со европско потекло. 

Бела транспортна лента за пекара
Транспортна лента за пекара изработена по мерка

Како да нарачате транспортна лента

Доволно е да ни ги дадете мерките и да ни кажете во која фаза работи лентата, а ние ќе ви испратиме соодветна понуда.

Ако не сте сигурни, слободно испратете или донесете ни стар примерок и ние ќе ги земеме мерките и ќе препорачаме соодветен материјал.

Контактирај не

Зошто транспортни ленти од Тека Инвест?

  • 35 години искуство со транспортни ленти.
  • Изработка по мерка.
  • Испорака до цела Македонија и во истиот ден при итност.
  • Исклучиво европски материјали, со квалитет докажан со децении.
  • Излегуваме и на лице место по потреба од лепење на транспортна лента.
  • Стручен совет од професионалци за избор на вистинскиот материјал.

За нарачка или прашање, јавете се на 070 234 920 или пополнете го контакт формуларот подолу. Одговараме во краток рок.

Често поставувани прашања (FAQ)

При итност, изработуваме и испорачуваме и за еден ден во цела Македонија!

Да, по потреба ќе ви доставиме сертификати заедно со комплетна документација за користење на лентите за допир со храна.

За обликување, ваљање, транспорт до печка, ладење и пакување.

Измерете ја лентата, или ако не сте сигурни во мерењето слободно донесете или испратете ја лентата кај нас, а ние ќе ја измериме и ќе понудиме соодветен материјал.

Да, по потреба излегуваме на терен и ги лепиме траките монтирани на машина.

Ви треба лента за друга индустрија?

Ако не работите во пекара, погледнете ги сите наши транспортни ленти (траки) за други индустрии. Користите и погонски каиши? Тука се нашите погонски каиши (ремени).

Димо Хаџи Димов 145
ПОБАРАЈ ПОНУДА
Scroll to Top