+38970234920
Димо Хаџи Димов 145
info@tekainvest.mk

Транспортни траки (ленти) по мерка – за секоја индустрија




Транспортните траки (познати и како транспортни ленти)
се артериите на производниот процес. Ако тие престанат да работат, материјалите не циркулираат и производството е во застој. Тека Инвест го решава овој проблем повеќе од 34 години, изработувајќи транспортни ленти со материјали од европско потекло и испорачува во истиот ден!

Без разлика дали ви треба трака за пекара, кондиторија, картонажа, овошје и зеленчук, па дури и за трчање или друга намена, ние ја правиме точно по вашите димензии и услови на работа. 

Транспортна трака залепена на лице место
Трака залепена на лице место

Видови транспортни траки (ленти) кои ги изработуваме

Нашите транспортни ленти се користат во разни индустрии, во и надвор од Македонија.
Секоја трака ја изработуваме според специфичните услови на работа како температура, влажност, вид на производ кој се транспортира, брзина и многу други параметри.

Траки за пекари и тесто

Ленти од материјали кои не лепат тесто, дизајнирани за обликување или транспорт на истото.

Дознај повеќе

Траки за кондитории

Ленти од материјали дизајнирани за директен контакт со слатки и маснотии, отпорни на хемикалии и абразија од секојдневното чистење.

дознај повеќе

Траки за овошје и зеленчук

Ленти за транспорт на овошје и зеленчук на рамно и по косини, погодни за употреба во земјоделството и прехранбената индустрија.

дознај повеќе

Траки за картонажи и печатници

Ленти од материјали со големо триење, антистатик, погодни за големи брзини, како и отпорни на пожар.

дознај повеќе

Траки за трчање

Ленти од материјали дизајнирани за машини за трчање (treadmill), со различни текстури, за домашна или професионална употреба во теретани.

дознај повеќе

Универзални траки

Ленти за транспорт на разновидни предмети во разни индустрии, со можност за водилки или прегради по нарачка.

дознај повеќе

Зошто да нарачате транспортна лента од Тека Инвест?

  • Над 34 години искуство.
  • Изработуваме во истиот ден при итност. Немате застој во производството.
  • Материјали со европско потекло.
  • Изработка по ваша мерка, секоја должина и ширина.
  • Ви помагаме со технички совет и подршка за да ја изберете вистинската трака.
  • Најголема залиха и избор на транспортни траки во Македонија.

Како да нарачате транспортна трака?

Процесот е брз и едноставен:

  • Јавете се или пратете порака со димензиите и намената на лентата.
  • Добивате понуда.
  • По потврда, нарачката влегува во ред за изработка. При итност, започнуваме со изработка веднаш!
  • Испорачуваме до цела Македонија.

Често поставувани прашања (FAQ)

Да, нашиот тим може да дојде на вашата локација за лепење на новата трака на лице место.

Да, слободно испратете или донесете ја траката во нашата работилница во Скопје, а ние ќе го утврдиме материјалот, ќе ја измериме и ќе ви дадеме понуда.

Траењето на траката или лентата зависи од материјалот и условите во кои таа работи. Ние ќе ви помогнеме да го изберете материјалот кој ќе трае најдолго во вашите услови.

Работиме и со компании надвор од Македонија. Контактирајте нѐ за детали околу испораката и условите.

Димо Хаџи Димов 145
ПОБАРАЈ ПОНУДА
Scroll to Top